Две лица повредени во лавина во Швајцарија

Две лица се повредени денеска попладне во јужниот швајцарски кантон Вале откако беа затрупани од лавина, соопшти локалната полиција.
Првично полицијата објави, повикувајќи се на очевидец, дека десет лица биле затрупани од лавината.
- Навистина имало група од десет скијачи, но во моментот на лавината, осуммина од нив се наоѓале погоре од местото од каде тргнала снежната маса. Човекот кој го пријави случајот помислил дека и тие биле затрупани, изјави за АФП портпаролот на полицијата Стив Леже
- Планински спасувачи ги пронајдоа двајцата повредени и ги одведоа во болница, додаде тој.
Инцидентот се случи во доцните попладневни часови на 2.500 метри надморска височина.
Опасноста од лавини во моментов се проценува на трет степен од петстепената скала за целата територија на Вале. Денеска имало неколку лавини надвор регулираните патеки, посочи кантонската полиција и повика на внимателност.
Ново на Сител
-

ЈО: Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на родители на судија
-

Натпреварот на Македонија против Португалија заврши нерешено
-

Кривична за двајца кичевчани, пробале да убијат 39-годишен сограѓанин
-

Одземен сеф со пари откако насилно било влезено во финансиско друштво во Центар
-

Мицкоски: Граѓаните го почитуваат „Безбеден град“, помалку сообраќајќи и побезбеден сообраќај
-

Андоновски: Реална дигитализација - граѓаните ќе ги добијат услугите брзо, едноставно и електронски
-

Санчез: Евентуална американска инвазија на Гренланд „би го направила Путин најсреќниот човек на земјата“
-

Тракторист починал на лице место откако паднал во речно корито
