Две лица полесно повредени при удар на локомотива и комбе кај кумановско Лопате
Две лица се полесно повредени и примени се во Општата болница - Куманово откако локомотива удрила во патничко моторно возило - комбе во кумановското село Лопате, соопштија денеска од ЦУК.
Несреќата се случила завчера, во село Лопате кај железничкиот премин.
- Несреќата се случила во 5:50 часот, кога локомотива удрила во патничко моторно возило комбе. Две лице се полесно повредени и пренесени се во Општа болница Куманово. Оштетено е само комбито, додека материјална штета на пругата нема, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Од Општа болница денеска потврдија дека двете лица се повредени.
- Двете лица се полесно повредени и се хоспитализирани, изјави директорката на болницата Биљана Ивановска.
Железничкиот сообраќај бил нормализиран во 9.45 часот и функционира редовно и без застој.
Ново на Сител
-
Предлог-закон на СДСМ за помош на настраданите од Кочани, од ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржат - имаат свој план за помош
-
Истрагата за пожарот во Кочани во полн ек, родителите обвинуваат за масовно убиство
-
Кој треба да истражува дали има фиктивна вакцинација на деца со лажни потврди?
-
Медицинска опрема вредна 13 милиони евра не се користи и скапува во подруми утврди ДЗР
-
Засега ќе нема нови мерки за цените – хигиенските производи во дел од маркетите поскапеа за над 50%
-
Отворена новата градинка „ Пролет“ во општина Центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Коцевски: Идниот месец обвинение за Кочани