-->
-->
Две лица од скопско не застанале на полициски знак, удриле во полициско возило и се обиделе да повредат полицаец
-->
На 19.07.2022 во 03.50 часот на влезот во с.Арачиново, скопско, полициски службеници од СВР Скопје и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Н.А.(46) од Арачиново и И.С.(44) од с.Огњанци, скопско.
Тие, со возило „мерцедес“, кое го управувал Н.А., на ул.„Македонско-косовска бригада“ не застанале на знак за запирање даден од полициски службеници, при што во знак на предупредување од полициски службеник бил испукан еден куршум во воздух, а потоа на влезот од Арачиново со возилото удриле во службено полициско возило и се обиделе да удрат и полициски службеник, по што излетале од патот. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

86 кг храна годишно по жител завршуваат во отпад од македонските домаќинства - глобално пропаѓаат над милијарда оброци дневно
-

Посебен режим на сообраќај поради посетата на претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен
-

Трамп: Можно е по изборите да го засилиме бомбардирањето на Иран
-

Во Кривичен суд продолжува судењето за „Државна лотарија“
-

Кратењето средства за ОН го доведува во ризик образованието на милиони деца бегалци
-

Сончево со мала до умерена облачност и студено утро
-

ОЈО ГОКК побара притвор за Јованов во истрага за поткуп за лиценца - Судот ќе одлучува утре
-

Медицински факултет: Избраните кандидати беа далеку подобро рангирани од д-р Василевски - не беше доведен во понеповолна положба
