Свет
14. April 2017 - 20:25

Две годишно дете падна под воз на железничката во Сиднеј

Мало невнимание скапо можеше да чини едно семејство од Сиднеј.

2-годишно дете падна во  делот помеѓу возот и платформата на железничката станица во Сиднеј, непосредно пред возот да тргне од перонот.

Благодарение на апелот на баба му и дедо му до надлежните на станицата да алармираат возот да не тргнува, избегната е поголема трагедија.

Малото момче е безбедно извлечено,  а неговите баба и дедо добија совет во иднина внуците да ги држат за рака кога го користат јавниот транспорт.