Македонија
8. September 2023 - 13:14

Две години од пожарот во Тетово, семејствата излегуваат на протест со барање на ново обвинение

Денеска се навршуваат две години од пожарот во Тетовската монтажна болница во кој животот го загубија 14 лица.

По тој повод, во Тетово ќе се одржи протестен марш на кој семејствата на загинатите повторно ќе побараат правда и ново обвинение.

Тие не се задоволни од судскиот процес кој во јуни годинава заврши со условни затворски казни за двајцата директори на болницата.

Сметаат дека вистинските виновници за несреќата се уште не се осудени и побараа протестот да не се политизира.

Протестот ќе почне од пред Монтажната болница каде избувна пожарот, а ќе заврши пред Тетовскиот суд.