Две години од крвавата свадба: Незадоволен од снаата зеде пушка и изврши незапаметен масакр
Тага, пустош и немир и натаму се надвисната над бачкото село Мартонош во близина на Кањижа, каде на 17 мај 2015 година, Раде Шефер (55) од Сента изврши незапаметен масакр убивајќи шест лица.
Ден по венчавката на својот син Властимир, Шефер вооружен со автоматска пушка тргна во крвав поход, незадоволен од изборот на синот и новонастантите роднински односи.
Убиствен поход
Инцидентите започнале на свадбената веселба, по што Шандор е одведен во притвор поради закани кон сопругата Рожа. Следното, кобно утро на 17 мај, Шефер веднаш по излегувањето од полициската станица тргнал кон селото Ором, каде најпрвин го убил тастот Јене (74) и тештата Гизела (68) Траќика. Од таму отишол до селото Мартонош каде ја убива невестата Наталија Бајтаи (25), нејзиниот татко Шандор (52) и мајката Каролина (43) како и својата сопруга Рожа која кај нив се скрила. Во масовното пукање ја погодува и тетката на невестата Наталија Донжон која дошла на свадбата од Франција и чиј сопруг Емануел успева со столица да г о убие Шефер и така да го оконча крвавиот пир. Смртта за чудо ја избегнаа братот на невестата Жолт и синот на убиецот, Властимир.
-Братот на невестата Жолт е единствен преживеан од семејството Бејтаи, и пред година дена се вратил во куќата во која му се убиени најмилите. Сфати дека мора да го продолжи животот, да заврши училите и да се вработи. Времето минува, но раните уште крварат, вели роднина на Бајтаи.
Тој вели дека тетката на невестата од Франција се опоравила од повредите, но Жолт не е во контакт.
Разнишани односи
-Жолт верува дека таа делумно е одговорна за се што се случило. Наталија и Властимир го викала кај себе, а со нив би требало да тргне и Рожа, што наводно го испровоцирало Шефер. Не сме во контакт ни со Властимир, вели соговорникот.
Во куќата на Траќика во селото Ором бил роднината Оскар Молнар кој прв ги пронашол труповите на Јене и Гизела.
-Ни после две години од глава не ми излегува сликата на убиениот вујко. Главата му лежеше на маса во локва крв. На вратата уште има дупки од гелери. Вујната беше на вратата, се обидела да побегне, ама не успеала, рече Молнар.
Властимир е друг човек
Оскар Молнар вели дека Властимир по трагедијата целосно се променил и со братот живее во Унгарија.
-Тоа повеќе не е истото момче. Речиси и не доаѓа овде. Слушнав дека престана да се занимава со спорт и дека учествува на мото - трки. Купиле мотори. Незнам дали има девојка и дали ќе одлучи пак да се жени. Неговиот татко му го уништи животот, вели Молнар кој со семејството веќе 2 години живее на имотот на вујкото и го одржува.
Ново на Сител
-
Царинска управа: Запленети цигари, дрон, фалсификувана стока и друго
-
Судењето против таткото на Васил Јованов одложено, обвинителниот предлог изменет
-
Цените на нафтата паднаа по објавата за прекин на огнот меѓу Израел и Иран
-
Годишeн извештај: Обвинителствата во 2024 постапувале против вкупно 37.255 сторители на кривични дела
-
Претрес во Пробиштип, приведени две лица, пронајдени дрога и куршуми
-
Претседателката Сиљановска-Давкова учествува на Самитот на НАТО во Хаг
-
Исланд најбезбедна, Македонија 51-ва најбезбедна држава во светот
-
Комитетот за надворешни работи на ЕП го усвои извештајот на Извештајот на Вајц за земјава