Две години ќе трае отстранувањето на дивоградбите во Охрид
Отстранувањето на дивоградбите во Охрид е процес кој ќе трае и до две години најави охридскиот градоначалник Георгиески.Тој вели дека инспекторите секојдневно се на терен и прават записници,во општината постојано има 5 до 8 пријави за бесправно градење додавајќи дека соодветните служби ќе делуваат во насока на почитување на законите и воведување ред во урбанистичката сфера, не само во однос на градењето, туку и во носењето на плановите.
Според Георгиески проблемот со урбанистичките планови таложен две децении наназад и законот за легализација се најголемите пречки во справувањето со дивоградбите.
Први на тапет за отстранување ќе бидат дивоградби и објектите во НП „Галичица“ и крајбрежјето.
Инаку Општина Охрид изработи регистар со 409 бесправно изградени објекти, но Георгиески вели дека од таа бројка, само десетина се големи објекти за рушење.
-
Нина Аритновска
Сите содржини од овој новинар