Две дела на Томислав Османли објавени во „Књижевна сехара“
Македонскиот прозен и драмски автор Томислав Османли со објавата на биографијата и дел од романот „Дваесет и првиот“ и со прозната фантазија „Океан од слики“ е претставен во најновиот број на меѓународното електронско списание „Књижевна сехара“, со редакција лоцирана во Сараево.
Во рубриката „Роман“ заедно со биографијата на македонскиот автор, кој со своите уметнички објави е се поприсутен во медиумите во регионот и пошироко, објавен е превод на босански јазик на дел од наградениот роман „Дваесет и првиот“ (книга на фантазми). Во наредната рубрика „Расказ“ публикувана е прозната фантазија „Океан од слики“. Првата објава на оваа нова проза на македонскиот писател во избор и превод на Билјана Билјановска беше објавен на италијански јазик, во е-списанието „BombaGiu“.
Одломката од романот „Дваесет и првиот“ на хрватски јазик ја преведе уредничката на списанието Јасна Шамиќ, а расказот „Океан од слики“ авторот Томислав Османли изворно го напиша на српкохрватски, како што е и објавен во електронското списание за литературата на Балканот.
„Књижевна сехара“ го носи поднасловот „Списание за литературата на Балканот“, иако донесува и текстови од пошироките книжевни простори. Списанието кое се појавува шест години, го уредува писателката и поранешна професорка на сараевскиот универзитет Јасна Шамиќ, романистка и ориенталистка која од 1992 година живее и работи во Париз.
Ново на Сител
-
Мицкоски во Вашингтон присуствувал на на свеченоста „Гласови на слободата“ и остварил бројни средби
-
Украина работи на одржување средба меѓу Зеленски и Трамп
-
Лазаров за ремито со Австрија: Горд сум на моите ракометари
-
Капитенот Кузмановски донесе реми во последните секунди на натпреварот Македонија-Австрија
-
Собранието го донесе Законот за заштита на децата, прифатени само два амандмани
-
ОН: Туризмот во светот се врати на нивото од пред пандемијата со Ковид-19
-
Македонската репрезентација со еден гол негатива на полувремето против Австрија
-
Ѓоковиќ го победи Алкараз и се пласираше во полуфиналето на Австралија опен