Двата историски Илиндена се чествуваат во Србија

Македонското национално малцинство во Србија денеска го прославува Денот на Републиката – 2 Август, 116 години од Илинденското востание и 75 години од Првото заседание на АСНОМ.
Според српските закони, 2 Август е државен празник за македонското национално малцинство во Србија и е неработен ден, со можност за негово одбележување.
Чествувањата на големиот празник на македонската борба за слобода, независност и државност почнаа синоќа во Педагошкиот музеј во центарот на Белград, со концерт на Ансамблот „Македониум“ и со пригодни говори за значењето на двата историски Илиндена.

Меѓу присатните гости беше и познатиот македонски писател и директор на издавачката куќа од Србија НИУМИЦ, Виктор Шеќеровски. Тој истражувајќи за учество на Србите во Илинденското востание, откри малку познат податок кој говори за поврзаноста и пријателството меѓу српскиот и македонскиот народ.
– Вековното пријателство меѓу македонскиот и српскиот народ датира одамна. Еден од примерите за тоа е и големиот српски добротвор и културен реформатор Лука Ќеловиќ, кој заедно со познатиот доктор Милорад Гоѓевац, во 1903 година во Белград, организирале и подготвиле околу 100 комити, кои заедно со него тргнале на Мечкин Камен во Крушево. Податоците говорат дека во борбите, 70 комити загинале заедно со Питу Гули, додека останатите 30 ги преживеале борбите, изјави Шеќеровски.
Покрај Белград, Ниш и другите градови во Србија, традиционално двата историски Илиндена беа одбележани во Јабука крај Панчево, со положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев.
Во рамки на одбележувањето на Илинден во Јабука беже одржан и традиционалниот Етно фестивал на храната „Тавче гравче“.
Ново на Сител
-

Модриќ може да се пензионира по Светското првенство
-

Артета прогласен за тренер на годината во Премиер лигата за сезоната 2025/26
-

СЗО: Бројот заразени со хантавирусот се искачи на 13, ситуацијата и натаму стабилна
-

Мицкоски го честита Курбан Бајрам: Да продолжиме заеднички да градиме општество на разбирање, единство и почитување
-

Приведени двајца криумчари на мигранти од Косово, поднесена им е кривична пријава и определен притвор од 30 дена
-

Истражување: Половина од Грците не планираат да одат на одмор годинава
-

Сиљановска - Давкова ќе ги прими учесниците на 4. Форум за културна дипломатија Скопје 2026
-

Најстудено утро во Берово со измерени девет степени
