Двапати го победи ракот на дојка: Познатата пејачка покажа како после се, и изгледаат градите

Познатата американска пејачка Анастасија (48) далечната 2003 година дозна дека боледува од рак на дојка, кој успеа да го победи, но по 9 години ракот и се врати. Таа одлучи да направи двојна масектомија, па ја отстрани можноста и по трет пат да ја води битката со овој тип канцер.
Како што со тек на годините и растеше и самодовербата, одлучи на сите да им покаже како изгледаат нејзините гради по операцијата, која беше неопходна во нејзиниот случај.
Сликата на која најзиното деколте е во прв план го постави на социјалните мрежи и за ова издание доби исклучителни пофалби од обожавателите, на кои им се допадна што се осмели на овој чекор.
Да потсетиме, Анастасија музичката кариера ја почна од 2000 година, а некои од нејзините песни станаа хитови: "I'm Outta Love", "Left Outside Alone" и "Everything Burns".

Ново на Сител
-

Седум пожари на отворено, најкритично кај Велес
-

АСОМ ќе го оспори Законот за игри на среќа пред уставниот суд
-

Ќе има ли поевтина храна: Владата на разговори и со производителите и добавувачите
-

Протест на пелагониските земјоделци – „Државата ни должи 70 милиони евра“
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги блокира реформите
-

Одложено судењето за измами во ИПАРД програмата
-

Прилепскиот општински штаб за заштита и спасување активно се подготвува за сезоната на пожари
