Македонија
2. December 2016 - 8:17

Дванаесетти ден од изборната кампања: Еве каде ќе има митинзи

Партиите и коалициите кои со свои кандидати учествуваат на претстојните парламентарни избори денеска на 12-тиот ден од изборната кампања ќе ги претстават своите програми на средби со граѓани и на митинзи низ државата.

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Свети Николе и во Штип, а коалицијата „За живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе има митинзи во Валандово и Гевгелија.

Коалицијата за промени и правда согласно нивната изборна агенда треба да одржи митинг во Гевгелија.

Демократската партија на Албанците организира митинг во тетовско Желино, а Алијансата за Албанците ќе има митинзи во Долнени и Кичево.