Двајцата турски пилоти, кои во ноември го соборија рускиот бомбардер, уапсени за учество во пучот

Двајцата турски пилоти, кои во ноември го соборија рускиот бомбардер над сириската граница, се уапсени под сомнение за учество во спречениот обид за воен преврат во Турција, пренесе ТАСС.
На 16 ноември 2015 година турски авиони Ф-16 над сириската граница го соборија рускиот бомбардер Су-24, напомена ТАСС.
Русија од официјална Анкара побара извинување, казна за виновниците и компензации за предизвиканата штета. На крајот на јуни Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин добил порака од својот турски колега Реџеп Таип Ердоган со извинување за соборувањето на авионот.
„Двајцата пилоти, кои во ноември учествуваа во операцијата на соборување на рускиот бомбардер Су-24, се приведени“, доцна синоќа пред новинарите кажа турски претставник и додаде дека тие се осомничени за учество во спречениот обид за преврат.
Турскиот премиер Бинали Јилдирим вчера соопшти дека по обидот за преврат се уапсени над 7.500 лица, вклучувајќи и 103 генерали и адмирали, напоменаа француските медиуми.
Ново на Сител
-

За два денара поевтино гориво на повеќето бензински пумпи
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
-

Намален прометот во индустријата во јануари
-

Пролетна акција за чистење во Скопје, институциите заедно за почиста и уредена урбана средина
-

Савески изгласан за нов државен јавен обвинител
-

Татко крадел пари од црква додека со него било неговото малолетно дете
