Двајца здравствени работници од штипското Инфективно одделение заразени со Ковид-19
Лекар и болничар кои работеле на Инфективното одделение во штипската Клиничка болница се позитивни на Ковид-19. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека станува збор за лекар од друго одделение, кој е ангажиран на ова одделение, како помош на инфектолозите.
-Во изолација заминува и втор лекар од одделението за Неврохирургија, бидејќи имал контакт со заразениот лекар. Епидемиолозите од Центарот за јавно здравје ја направија епидемиолошката анкета и утре ќе знаеме дали и колку од медицинскиот персонал ќе замине во изолација, вели Ѓеорѓијев.
Тој смета дека новозаразениот медицински персонал нема да ја загрози работата на Инфективното одделение, бидејќи освен инфектолози на него ротираат лекари и од другите одделенија на болницата. Во моментов на Инфективното одделение се лекуваат над 40 пациенти од целиот источен регион.
Директорката нa Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека денеска има 13 позитивни случаи на териорија на Општина Штип, а во денешните бројки влегуваат зарaзениот медицински персонал на Инфективното одделение, осуденото лице од Затвор-Штип, како и негователката и воспитувачката од градинката „Вера Циривири-Трена“, за кои резултатите беа добиени вчера и јавноста и родителите беа веднаш известени. Останатите позитивни случаи од штипскиот регион се членови на семејства или контакти на веќе заразените пациенти.
Ново на Сител
-

Нетанјаху: За непријателите на Израел нема имунитет
-

СВР Струмица со повеќе активности го одбележа 7 Мај – Денот на македонската полиција
-

Шеснаесет возачи возеле без дозвола, кај еден од возачите пронајдена марихуана, а возач од Тетово возел со 1,46 промили алкохол
-

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
