Двајца загинати по обилниот снег во Полска, Словачка и Чешка
Обилниот снег предизвика несреќи и големи прекини на електричната енергија во Словачка, Чешка и Полска, каде денеска најмалку две лица загинаа во временските услови.
Во Цисиец, на југот на Полска, во близина на границата со Словачка, една постара жена загина откако дрво паднало врз нејзиниот дом за време на невремето.
-Пожарникарите ја пронашле пензионерката во куќата, изјави портпаролот на противпожарната служба за агенцијата ПАП.
Жена, исто така, загина во близина на северното пристаниште Гдањск кога нејзиниот автомобил удрил во дрво, наведува ТВН24, а телевизија денеска информираше за повеќе од 140 сообраќајни несреќи поврзани со обилни снежни врнежи и лизгави патишта.
Во северна Словачка, властите прогласија „вонредна состојба“ во 27 општини, што овозможува посебни вонредни мерки и ограничувања, објави агенцијата ТАСР.
Неколку популарни скијачки центри се затворени за викендот.
Жителите на регионалниот главен град Жилина и околните градови се повикани да не ги напуштаат своите домови освен во апсолутно неопходни околности.
Во Чешка, дрвјата што паднаа на далноводи оставија десетици илјади домаќинства без струја, јави агенцијата ЧТК.
Во близина на Јаблоне кон полската граница, службите за итна помош мораа да извлечат две повредени лица од нивниот автомобил откако врз него паднало дрво.
Ново на Сител
-

Евакуација на македонските граѓани
-

Водата во Струга и натаму не е безбедна за пиење
-

Земјоделците: Државата ни должи над 100 милиони евра субвенции
-

Опозицијата не дојде на расправа за реформски закон
-

Тема на денот со Вивиен Ајсен, амбасадорка на Израел во Македонија
-

Одбиено барањето за спојување на судските постапки за трагедијата во „Пулс“
-

Државата мора да издвои повеќе пари ако сака да се справи со семејното насилство
-

Продолжен притворот за 48 часа за сопругот на Ивана, по трагедијата во Карпош
