Двајца загинати и 12 исчезнати по потонување на рибарски брод во Јужна Кореја
Две лица загинаа, а 12 се уште се водат како исчезнати откако потона рибарски брод во водите кај јужнокорејскиот остров Џеџу, соопшти официјален претставник на градската управа на Џеџу.
Властите изгубиле трага на бродот од јужнокорејскиот пристанишен град Бусан во раните утрински часови, рече официјален претставник.
Бродот превезувал 27 лица, а меѓу спасените има и странски државјани, рече тој, додавајќи дека двајца јужнокорејски државјани загинале.
Крајбрежната стража на Јужна Кореја добила повик за помош во 4:33 часот по локално време, лоциран на 24 километри од брегот на Џеџу, јави новинската агенција Јонхап.
Претседателот на државата Јун Сук Јеол нареди распоредување на сите расположливи ресурси за операцијата за пребарување и спасување, соопшти неговиот кабинет.
Ново на Сител
-
Нов електронски систем за дозволи за оружје
-
СДСМ: Тошковски отпушта чесни полицајци
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Во наредните месеци нов закон за Судски совет
-
Состанок на високо ниво за новата рамка за одржлив развој меѓу ОН и Македонија
-
Мемеди: Намалена смртноста на детската клиника
-
Локалната најавува капитални проекти
-
Протести во Ореовец