Македонија
15. February 2018 - 16:29

Двајца владици на бугарската црква утре доаѓаат во Македонија

Дел од државната делегација на бугарскиот претседател Румен Радев, кој утре доаѓа во официјална посета на Македонија, ќе бидат и двајца Владици на БПЦ. Старозагорскиот митрополит Кипријан, кој е претседател на синодалната комисија за преговори со МПЦ и Пловдивскиот митрополит Николај, член на истата комисија. Споеред информациите на Сител, нивното доаѓање во Македонија е извесно, а освен со претседатлот Ѓорѓе Иванов, ќе остварат средби и со членови на синодот на МПЦ.

Неизвесно е дали ќе има средба и во поширок состав на ниво на комисии, но според оценките на аналитичарите во бугарската јавност, нивната посета на Македонија е чекот напред кон продолабочување на дијалото меѓу двете цркви.

Поранешниот претседател на бугарската академија на науките Стефан Воденичаров во изјава за бугарската агенција БГНЕС вели дека ова е можност за Владиците на двете цркви, да одржат и заеднички молебен на гробот на Гоце Делчев.

Академикот Воденичаров откри дека на минатонеделната средба меѓу македонската и бугарската академија на науките е договорено заедничко чествување на денот на светите браќа “св.Кирил и Методиј”.

Инаку, минатата недела и митрополитот Наум изјави дека МПЦ испратила писмо до Патријархот Неофит, во кое бара заедничко сослужување на светата Литургија, со што би се исполнила одлуката на БПЦ, да биде Црква – мајка на МПЦ – ОА.