-->
-->
Двајца тиквешани тешко повредени на работно место
-->
Со тешки повреди на работно место во фабрика во Кавадарци, според пријавата во полицијата, вчера се здобиле неготинчанец и кавадарчанец.
Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес денеска изјави дека вчера во 15 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека во болницата во Кавадарци со тешки телесни повреди бил донесен П.А.(52) од Неготино.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите при работа во фирма во Кавадарци.
Како што дополни Додевски, синоќа во 21 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека во болницата во Кавадарци со тешки телесни повреди бил донесен А.К.(42) од Кавадарци, кој според пријавеното се здобил со повредите при работа во фабрика во Кавадарци.
Се работи на расчистување на двата случаја.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Болните, затворениците и лицата во старските домови први гласаат на двојните избори
-
Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите на 8 мај
-
Израел испраќа делегација на преговорите и ги продолжува операциите во Рафа за да изврши воен притисок врз Палестинците
-
Одбележување на Денот на полицијата, посебен сообраќаен режим во општина Аеродром
-
Стано: Амбасадорите на ЕУ, САД, Германија, Велика Британија, Балтичките земји, нема да присуствуваат на инаугурацијата на Путин
-
Сообраќајот непречено, по претежно суви коловози
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори