Македонија
25. December 2019 - 11:39

Двајца тиквешани тешко повредени на работно место

Со тешки повреди на работно место во фабрика во Кавадарци, според пријавата во полицијата, вчера се здобиле неготинчанец  и кавадарчанец.

Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес денеска изјави дека вчера во 15 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека во болницата во Кавадарци со тешки телесни повреди бил донесен  П.А.(52) од Неготино.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите при работа во фирма во Кавадарци.

Како што дополни Додевски, синоќа во 21 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека во болницата во Кавадарци со тешки телесни повреди бил донесен А.К.(42) од Кавадарци, кој според пријавеното  се здобил со повредите при работа во фабрика во Кавадарци.

Се работи на расчистување на двата случаја.