Двајца струмичани заработија кривична пријава за насилство во угостителски објект

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против струмичаните Л.К (34) и Д.Р (20) поради постоење сомнение дека сториле кривично дело – насилство. Против првопријавениот ЛК (34) е поднесена и кривична пријава за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Како што информираат од СВР Струмица, ноќта на 29.12.2019 година, додека оштетената била на работа како пејач со музичка група во угостителски објект во село Сарај, во 04:50 часот, во угостителскиот објект влегле пријавените заедно со други лица и седнале на поголема маса. Првопријавениот веднаш ја повикал келнерката обраќајќи и се со зборовите – „веднаш да ми ја нацрташ музиката на масата“, и побарал да бидат услужени со пијалок. Вработената ги послужила со пијалок, но поради страв не ги известила дека музиката веќе завршила со работа.
-Во еден момент второпријавениот почнал оштетената да ја допира по телото без нејзина согласнот упатувајќи и навредливи и вулгарни зборови, а потоа од страна на првопријавениот повеќе пати била физички нападната, навредувана и и биле нанесени телесни повреди, информираат од СВР Струмица.
Веднаш по пријавување на настанот, полициски службеници презеле мерки за целосно расчистување и документирање на настанот. Кај оштетената по извршен преглед во Службата за итна медицинска помош биле констатирани телесни повреди, по што била упатена на понатамошни прегледи во Општа Болница Струмица.
Првопријавениот поради основано сомнение дека е извршител на кривично дело – насилство лишен е од слобода и задржан во просториите на СВР Струмица.
Врз основа на судска наредба од Основен суд Струмица, вчера е извршен претрес во домот и просториите на првопријавениот, каде се пронајдени осум куршуми калибар 9 мм. По целосно расчистување и документирање на настанот од страна на СВР Струмица изготвена е кривична пријава и доставена во ОЈО Струмица.
Судија на претходна постапка од Основен суд Струмица на првопријавениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.
-Првопријавениот повеќе пати е пријавуван во СВР-Струмица за извршени кривични дела од областа на насилниот криминал во изминатите години, а за дел од извршените кривични дела и правосилно осудуван. Тој во повеќе наврати е пријавуван за нарушувања на јавниот ред и мир, како кривични дела што се гонат по приватна тужба, велат од СВР Струмица.
Ново на Сител
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
-

Од утре дожд и невреме, од вторник пристигнува и заладување
-

Сообраќајната полиција доби 33 нови „Piaggio Beverly 310“ вредни над 270.000 евра
