Двајца пешаци, еден велосипедист и еден возач повредени изминатите 24 часа во тетовско
Двајца повредени пешаци, еден велосипедист, еден возач, усмртена дива свиња, како и материјална штета од околу 110 илјади денари се последиците на петте сообраќајни нерсреќи што во текот на вчерашниот ден и изминатата ноќ се случиле во Тетово и тетовско информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Полицискиот службеник А.К.(23) од Тетово, додека како пешак го минувал булеварот „Илинденска“ во Тетово околу 16 часот бил удрен од патничко возило „Ауди А4“ со тетовски регистерски таблици управувано од тетовецот А.А.(37). Повредениот пешак со медицинско возило бил пренесен во тетовската Клиничка болница и по укажаната лекарска помош бил задржан за натамошна опсервација. Извршен е увид и се утврдува причината за несреќата.
Втората сообраќајка со повреден пешак се случила на улицата „Иво Лола Рибар“ во Тетово вчеравечер околу 21 часот. Тогаш патничко возило „Голф“ што го управувал 34-годишнен жител од тетовската населба Дреновец удрило во тетовката М.Г.(19). И таа откако со друго возило била пренесена во тетовската Клиничка болница е задржана за натамошно лекување.
Според извршените полициски увиди на двете места причина за сообраќајките во двата случаи е непропуштање на пешакот на обележан пешачки премин.
Според полициската статистика минатата година на поширокото тетовско подрачје се случиле вкупно 80 сообраќајни несреќи со пешаци од кои четири лица го загубиле животот, 14 се здобиле со тешки, а 62 лица завршиле со лесни телесни повреди, рече Јосифовски.
Сообраќајката во која е повреден велосипедист се случила вчера околу пладне на кружниот тек на улиците „Илинденска“ и „Маршал Тито“ на плоштадот во Тетово. Велосипедистот А.Љ.( 67 ) од Тетово бил удрен од патничко возило „Шкода“ со тетовски таблици управувано од А.Р.(49) од Камењане при што велосипедистот завршил со телесни повреди. По укажаната лекарска помош во тетовската клиничка болница каде биле пренесен по несреќата тој бил пуштен дома. Причина за несреќата е непочитување првенство на минување.
Последната сообраќајка со повредено лице се случила вчеравечер околу 21 часот и 30 минути на регионалниот пат Радиовце-Тетово. Тука се судриле две патнички возила со тетовски регистерски таблици „Рено 19“, управувано од Ќ.Д.(54) од Милетино и „Рено клио“ што го управувал Е.А.(27) од Радиовце. Во судирот возачот на „Клиото“ задобил телесни повреди, со друго возило бил пренесен во тетовската болница каде по укажаната помош бил задржан за натамошно лекување. По извршениот полициски увид се утврдува причината, околностите и се друго во врска со оваа несреќата, а вкупната материјална штета се проценува на 80 илјади денари.
Сообраќајна несреќа во која нема повредени лица се случила ноќеска околу еден часот, по полноќ на автопатот Скопје-Тетово на околу километар и пол до клучката за Групчин. Патничко возило „Поло“ со тетовски таблици што го управувала С.К.(23) од Стримница, а во кое се наоѓале уште тројца сопатници удрило и усмртило дива свиња која поради необезбедениот автопат неконтролирано се движела по коловозот. Причинетата материјална штета се проценува на 30 илјади денари.
Ново на Сител
-
Митровденска задушница - спомен за починатите
-
Во Берово утрово минус три, во Крушево, Виница, Гевгелија измерени шест степени Целзиусови
-
Нормализиран сообраќајот на патот Тетово - Гостивар
-
Филипче изрази сочувство до семејствата на загинатите во Нови Сад
-
Мицкоски: Лесна земја на загинатите во Нови Сад, брзо закрепнување на повредените
-
Сиљановска Давкова изрази сочувство до семејствата на загинатите во Нови Сад
-
Објавен идентитетот на загинатиот Македонец во Нови Сад
-
Штипјанец си ја убил девојката, сам се пријавил во полиција