Двајца пациенти на кислородна поддршка поради Ковид-19 во струмичката болница
На Инфективното одделение во струмичката болница се лекуваат пет пациенти заболени од Ковид-19, од кои двајца се на кислородна поддршка со комордибитети.
Според директорката Катерина Кузмановска, состојбата е стабилна. Во текот на вчерашниот ден се извршени 14 прегледи, од кои најголем дел се кај деца, кои имале стабилна клиничка слика.
-За разлика од порано заболените немаат респираторни проблеми. Имаат покачена температура, дијареја, малаксаност и намален апетит. Сега вирусот повеќе ги напаѓа децата, но покрај нив ги откриваме и возрасните. Очекуваме во текот на оваа недела да падне пикот, бидејќи минатата недела имавме осум пациенти на болничко лекување и до 30 прегледи дневно, рече директорката Кузмановска.
Таа апелира на доследно почитување на мерките за заштита, посебно носење маска во затворен простор и сите што се сомневаат дека се инфицирани да направат тестови за да може да им ја пружат соодветната помош.
Ново на Сител
-

Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Рамазан Бајрам
-

ВМРО-ДПМНЕ: Законот важи за сите
-

СДСМ: Нема пари бидејќи ги крадат
-

СПМ: Институциите да постапуваат без селективност
-

Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија и Албанија
-

Иран ја предупреди Велика Британија: Вашиот потег ќе влезе во историјата
-

Времен режим на сообраќај во недела во скопски Аеродром поради атлетска трка
-

Цените на нафтата се намалија
