-->
-->
Двајца Македонци загинаа во страшна сообраќајка во Италија
-->
Македонското Министерство за надворешни работи потврди дека утрово двајца млади македонски граѓани загинале во сообраќајка што се случи во Пјаченца, Италија.
Според пишувањето на италијанскиот медиум ILPIAACENZA, во несреќата загинале Марија Витанова (25) и нејзиниот братучед Методи Витанов (26), кои биле во автмобил „рено клио“. Автомобилот удрил во дрво и веднаш се запалил, па кога пристигнале спасувачите веќе било доцна.
Според италијанскиот медиум, станува збор за кобно место на кое за десет дена се случиле три сообраќајни несреќи со фатални последици.
Според пишувањето на некои медиуми и од тоа што се пренесува во Струмица, во сообраќајката загинале ќерката и внукот на македонскиот конзул во Италија, Стојан Витанов
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: БРТ e едно од повеќето функционални решенија зa градскиот сообраќај, над 520 паркинг места кај Клиничкиот центар
-

ОН документира сексуално насилство и тортура извршени од руските сили во Украина
-

ЦУК: Нема активни пожари, еден под контрола
-

Македонската кикбокс репрезентација опатува на Светското јуниорско првенство во Лидо, Италија
-

Почина Томче Филиповски, поранешен легендарен фудбалер на скопски Работнички
-

Стотици илјади Иранци изразија подготвеност да се жртвуваат за земјата
-

Врховен го објави образложението за укинувањето на пресудата за Ласкарци
-

Кривичен за „Ласкарци“: Боваровски се ослободува од издржување на казната затвор до донесување на нова одлука
