Двајца епидемиолози и двајца техничари од Центарот за јавно здравје – Скопје позитивни на коронавирусот

Двајца епидемиолози и двајца техничари вработени во скопскиот Центар за јавно здравје се позитивни на коронавирусот.
Директорот на ЦЈЗ Арбен Зибери на прес-конференција попладнево изјави дека тие се во добра здравствена состојба, на домашно лекување од каде ги извршуваат своите работни задачи.
-Нашите епидемиолози од дома телефонски вршат анкетирање, изјави Зибери, кој додаде дека сите останати епидемиолози во Центарот за јавно здравје се тестирани и се негативни на коронавирусот.
Запрашан за тоа во кои институции и компании се вршени тестирања на вработени, Зибери рече дека тестирани биле и вработени во Управата за јавни приходи, каде позитивна на вирусот е директорката Сања Лукаревска, во Трудовата инспекција, каде имало еден вработен позитивен на коронавирусот, како и вработени од неколку институции на Градот Скопје, од каде исто така има неколку кластери.
-За среќа кластерите ни се познати, изјави Зибери.
Ново на Сител
-

Македонската амбасада во Швајцарија отвори телефонска линија за трагичната несреќа во Кран - Монтана
-

Македонец исчезнат во пожарот во Швајцарија - семејството бара помош за пронаоѓање
-

Ново линеарно зголемување со мартовската пензија
-

До 5 јануари пријавување за субвенциониран студентски оброк
-

Ѓорѓиевски: Набргу ќе биде избран и објавен најдобро украсениот дом во Скопје
-

Обвинителство: Извршен увид на местото каде е убиен еден турски државјанин, а еден повреден
-

Пожар на Скопска Црна Гора
-

Утре променливо облачно со сончеви периоди
