Двајца браќа близнаци ги замениле местата во затвор: На едниот му се ближела смртната казна, а оваа измама ја шокираше целата земја
Двајца браќа близнаци кои истовремено престојувале во затвор, се договориле да ги заменат местата кога над еден од нив требало да се изврши смртна казна.
Дејвид Мур имал 26 години кога се заменил со својот брат Кери Дин Мур. Ним тоа им тргнало бидејќи двајцата ја отслужувале казната во ист затвор во Небраска, а се замениле во текот на средба која се побарале, велејќи дека им треба поради семејни работи.
Измамата сепак ја забележал еден од надзорниците, кои воочил „чудно однесување“ кај „новиот“’ Дејвид.
Инаку, Кери ќе биде погубен идната недела по 40 години чекање казна. Тој е осуден поради монструозно убиство кое го извршил во 1979 година кога убил двајца таксисти, Ројел Ван Нес и Мејнард Хелгенд.
Како што Дејвид рече, Дин го наговорил да се заменат.
„Тој тоа го сака, немам избор“, рече тој тогаш додавајќи дека во тоа време тие двајца биле вистински животни.
Замената се обиделе да ја направат 1984 година при префрлување, која ја замениле гардеробата, па Дејвид е одведен во дел каде осудениците чекале на извршување на смртната казна.
Како што е изјавено, Дејвид ќе присуствува на пуштањето на смртоносната инјекција во телото на неговиот брат.
Синот на едне од убиените, Стив Хегледн на својот Фејсбук напиша дека погубувањето не е убава рабтота и дека на неговото семејство нема да му биде полесно, иако имале 40 години да се навикнат на својата загуба.
„На веста за престојното погубување на убиецот на мојот татко и неговиот колега, различни мисли ми поминуваат низа глава. Неговото погубување ќе биде голема загуба за неговото семејство. Имаа 40 години да се подготват. Убиецот мене ми дозволи 13 години со мојот татко. Би менувал 20 години од мојот живот за 40 години со татко ми“, напиша тој.
Kurir.rs/The Sun
Ново на Сител
-
ЕК спроведува 10 истраги против социјални мрежи поради сомневање за кршење на европското право
-
ЕСМ Дистрибуција: Се нормализира испораката на топлинска енергија во Општина Центар
-
Поскапени билетите за македонските навивачи во „Вараждин Арена“
-
Земјотрес од 6,4 степени во Тајван, 27 луѓе повредени
-
Утрово најстудено во Битола, најмногу снег на Попова Шапка
-
Бајден превентивно помилува членови на неговата фамилија, Трамп го оквалификува тој потег како - „срамно“
-
Законот за заштита на децата повторно на пленарна седница
-
Трамп го повика Путин да се согласи на договор со Украина