Македонија
21. January 2025 - 9:25

Утрово најстудено во Битола, најмногу снег на Попова Шапка

Најниска температура од минус шест степени утрово е измерена во Битола, а највисока од 2 во Охрид.

УХМР информира дека -5 степени се измерени во Прилеп, -3 во Тетово, Штип, Виница и Куманово, -2 во Дебар, Кавадарци и Попова Шапка, -1 во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Демир Капија, Струмица, Берово, Велес, Маврови Анови и Лазарополе, 0 во Скопје-Петровец и Крушево и еден степен во Претор и Гевгелија.

Висината на снежната покривка изнесува 46 сантиметри на Попова Шапка, 42 во  Маврови Анови, 22 во Крушево, 17 во Битола, 10 во Дебар, 9 во Тетово, 7 во Демир Капија, 6 во Штип и Берово и 5 степени во Лазарополе.

Претпладне по одделни котлини има појава на магла и ниска облачност. Преку ден, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските, а со врнежи од снег на повисоките места и на планините. Врнежите ќе бидат со слаб, а во западните делови со умерен интензитет.

Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7 степени.

Во Скопје облачно со појава на магла. Во текот на денот ќе има повремени слаби врнежи од дожд, а на повисоките делови од котлината со повремен дожд и снег. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.