-->
-->
Двајца Американци кои заминале да се борат како доброволци во Украина се исчезнати, тврдат нивни роднини
-->
Двајца американски ветерани, двајцата од државата Алабама, кои беа во Украина за да учествуваат во војната со Русија, се водат за исчезнати неколку дена и можеби се заробени од Русите, јавија американски медиуми.
Тие се повикуваат на нивните роднини и членови на американскиот Конгрес, со кои контактирале нивните роднини.
Тоа се 27-годишниот Енди Таи Нгок Вин, поранешен маринец и 39-годишниот Александар Друки, кои заедно се бореа против Русите северно од Харков. Нивните роднини немаат слушнато со нив од 8 јуни. Мајката на Драки изјави за Си-Ен-Ен дека сугерирала дека двајцата биле заробени, но тоа не е потврдено.
Двајца членови на американскиот Конгрес, Тери Севел и Роберт Адерхолт изјавија дека биле во контакт со роднините на исчезнатите Американци и Стејт департментот.
Портпаролот рече дека американската дипломатска мисија внимателно ја следи ситуацијата, во контакт со украинските власти и ги проверува информациите дека проруските сепаратисти заробиле најмалку двајца американски државјани. Ако тоа се потврди, тоа ќе бидат првите Американец кои се борат на страната на Украинците заробени од почетокот на војната во Украина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Слаб интерес за селекција на отпадот во Струмица
-
Гласен текстилец - и годинава ќе има злоупотреби при исплатата на К-15
-
Скопјани добија вода, дефектот е саниран
-
Чадот од отпад го гуши Злокуќани цела деценија: Жителите бараат итна помош од институциите
-
Меџити вчера објави дека Груби е во Албанија, денеска вели политичарите да се воздржат од коментари
-
Директорот на Детска не го добил извештајот од ДСЗИ – тврди дека починатото бебе било прегледано и од специјалист