Македонија
15. December 2016 - 8:31

Дваесетта ораторска вечер „Иво Пухан“ на Правниот факултет

Правниот факултет „Јустинијан Први“- Скопје денеска ќе ја организира 20-тата ораторска вечер „Иво Пухан“, која ќе се одржи во амфитеатарот на факултетот.

Како што информираат од Клубот на оратори, на натпреварот во говорништво ќе учествуваат 12 оратори на слободна тема.

Учесници се студенти на Правниот факултет и на други факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кои говорат за релевантни теми од општествениот живот во Македонија.