Дваесетминутен прекин на сообраќајот меѓу 14 и 16 часот помеѓу Пресека и Врбјани
Поради минирање на патот А2 Кичево – Охрид, на делот помеѓу Пресека и село Врбјани денеска сообраќајот ќе биде во прекин 15 до 20 минути меѓу 14:00 – 16:00 часот, соопшти АМСМ.
Автопатот А1 на делницата од мотел „Македонија“ до Градско, до 6-ти овој месец во периодот од 5 до 18 часот ќе биде затворен за сообраќај, поради снимање на францускиот филм „А Фонд”.
Сообраќајот како и досега ќе се одвива по стариот пат кој е обележан со соодветна сигнализација.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Ново на Сител
-
Кривична за тројца полицајци од Полициската станица Кочани
-
Викендов продолжува ПМФЛ, Шкендија домаќин на Шкупи, Силекс ја пречекува Струга
-
Maшко лице се заканувал со остар предмет на малолетничка на подрачјето на Центар
-
21 годишник со „мерцедес“ удрил во двајца малолетници кои се здобиле со тешки телесни повреди
-
Кривична пријава за дебранец за узурпација на парцела покрај брегот на Дебарско Езеро
-
Кривична за 31-годишник од Тетово, физички ја нападнал неговата сестра и упатувал закани со огнено оружје
-
Седумнаесет тони нафта се излеаја во Јадранското Море кај хрватскиот остров Хвар
-
Мицкоски: Се укинуваат визите за Обединетите Арапски Емирати