Дваесет и трети ден од штрајкот на рафинериите за нафта во Франција
![]()
Француските синдикални активисти ја прекинаа работата во две од осумте рафинерии за нафта, а продолжија да протестираат и поради пензиските реформи.
Штрајкот што трае повеќе од три недели, е најдолг во историјата на Франција, додека францускиот претседател Емануел Макрон опстојува на ставот за спроведување на пензиските реформи, како и зголемување на старосната граница за пензионирање на 64 години.
Француската Влада е во преговори со синдикатите и им нуди компромис на пилотите, форензичката полиција и на неколку други групи.
Синдикатите ги продолжија протестите кои денеска предизвикаа нарушување на работата во рафинеријата за нафта југоисточно од Париз и пристаништето Марсеј.
Францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер истакна дека ова нарушување на работата нема да влијае на недостиг на бензин и ги повика возачите да не паничат.
Штрајкот денеска запре половина од брзите возови во Франција, додека туристите и парижаните се принудени се возат во помал број автобуси и метроа.
Ново на Сител
-

ЛДП: Семејни центри за насилство во сите општини за намалување на малолетничката деликвенција
-

Нема најави за питка вода во Гостивар, Тошковски апелира да се испушта водата од чешмите
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, пратеник на Левица
-

Гостивар чека безбедна вода за пиење
-

Повторно се разгоре пожарот кај Кавадарци
-

Нов сомнителен случај западнонилска треска на Инфективна - на клиниката се хоспитализирани 17 пациенти
-

Од полноќ поскапува дизелот, а бензините поевтинуваат
-

ЕВРОСТАТ: Вредноста на парите во Македонија највисока од регионот
