Дваесет и две лица во Струга и струшко не ги почитувале решенијата за изолација
Вкупно 389 лица во Струга и Струшко се во изолација поради позитивен тест за Ковид 19 или конткакти со заразени лица по решение од Државниот санитарен и здравствен инспкторат.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека за непочитување на здравствените прописи и мерката за изолација, струшката полиција поднела 22 кривични пријави.
– Генерално се почитуваат решенијата за изолација издадени од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. ОВР Струга во моментот врши контрола на 389 лица по издадени решенија. Против лицата што не се затекнати во домовите се напишани кривични пријави, изјави Димоски.
Полицијата, додаде, врши интензивни котроли во делот на почитување на одредбата за самоизолација врз основа на решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
За непочитување на мерката за носење заштитни маски, Димоски посочи деке полицијата издала 2.890 прекршочни платни налози од почетокот на пандемијата. Само во изминатото деноноќие 13 лица во Струга ја прекршиле одредбата, односно се затекнати без заштита на лицето
– Апелирам до граѓаните доследно придржување до мерките предвидени за заштита од Ковид 19. Држење дистанца, носење лична заштита на лицето и без поголеми групирања заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19, нагласи портпаролот на СВР Охрид.
На територијата на општина Струга, како што соопшти Центарот за јавно здравје, во изминатата седмица регистрирани се 183 лица позитивни на Ковид 19. Од почетокот на пандемијата 1.218 биле заразени со коронавирус, од кои 783 се оздравени и 85 починати.
Ново на Сител
-
MEF25: Енергетската транзиција е политички, економски и генерациски предизвик
-
ФПН во Белград, по анонимна и лажна дојава за бомба: Никој да не биде во зградата на факултетот на 17 јуни
-
Г7 договори нацрт-изјава за Израел и Иран, но Трамп најверојатно нема да ја потпише
-
Муцунски: Работиме на засилување на динамиката на средби со официјална Софија
-
ЕХФ му изрече двегодишна суспензија на грчки АЕК, парична казна за Алкалоид
-
При израелски напад погодена иранската државна телевизија
-
Захарова: САД ја откажаа средбата со Русија за нормализирање на работата на дипломатските мисии
-
Субвенции од 2.000 денари месечно за сите средношколци од прва година од кривопаланечката гимназија