-->
-->
Два силни земјотреса ја стресоа Кина, 12 лица загинаа
-->
Во два силни земјотреса, кои ја погодија Кина, загинаа 12 лица, а 134 се повредени, соопштија денеска кинеските државни медиуми, додавајќи дека спасувачките екипи извадиле неколку преживеани од под урнатините.Земјотрес со интензитет од 5,9 степени беше проследен со уште еден со јачина од 5,2 степена, а двата достигнаа длабочина од 10 километри, со епицентар во близина на округот Чангнинг, соопшти Геолошкиот завод на САД.
Двата земјотреса, кои се случија во период од 30 минути, синоќа ја погодија југозападната провинција Сечуан. Нив ги почувствувале и жителите во големите регионални градови, како што е главниот град Ченгду и метрополата Чонгкинг.
Спасувачите извадиле неколку преживеани од урнатините во близина на епицентарот.
Во овој регион, земјотресите се чести, а во мај 2008 година Сичуан го погоди голем земјотрес во кој загинаа речиси 70.000 луѓе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор на руските напади
-

Руте: Сојузниците издвоија лани повеќе од 10 милијарди долари помош за Украина
-

ЕУ и обезбедува на Шпанија помош од 115 милиони евра за справување со миграциската криза во Сеута
-

Прволигашите без проблеми во куп натпреварите
-

Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца
-

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
