Два пожари синоќа во Шуто Оризари

Ноќеска во 22.45 часот од ЕИК Скопје е известено дека околу 20.50 часот на ул.„Гарсија Лорка“ во населба Шуто Оризари, во дворот од куќата сопственост на Б.Р. (54) непознат сторител фрлил шише со непозната течност, кое претходно било запалено.
Истото предизвикало мала детонација од која е оштетена влезна врата од помошен објект, кој е лоциран во дворот, и влезната врата од куќата.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Синоќа околу 20.40 часот во Скопје на ул. „Бутелски Венец“ во с.Шуто Оризари настанал пожар во куќа сопственост на М.Р. Сопственикот на куќата е во странство, а истата е без струја, врати и прозорци.
Внатре немало вредни работи.
Од пожарот целосно била опожарена кровната конструкција и останатите предмети кои се наоѓале по собите.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.
Ново на Сител
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
-

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
