Два бронзени медала за македонски средношколци на натпревар во Париз
Средношколците Стефан Стојковиќ и Стефан Дамчевски, освоија бронзени медали на Меѓународната олимпијада по хемија – IchO (International Chemistry Olympiad) во Париз. Покрај Стојковиќ кој е ученик од СУГС “Раде Јовчевски Корчагин“ и Дамчевски од ПСУ “Јахја Кемал“ од Струга, во тимот кој беше поддржан од страна на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) беа и Руфија Идризовска од ПСУ „Јахја Ќемал“, Гостивар и Александар Трајковски, од СОУ „Крсте П. Мисирков“, Демир Хисар.
Годинава, на 51-та Меѓународна олимпијада по хемија, што се одржа на крајот на јули, учествуваа 309 ученици од 80 држави од целиот свет, како и 160 ментори, 109 набљудувачи и гости и 273 члена од организацијата.
–Кумулативно, резултатите што ги покажа нашиот тим, беа подобри од многу западноевропски земји што се познати по добро развиениот систем на образование, и тоа: Финска, Норвешка, Швајцарија, Холандија, Ирска, Исланд и други земји, велат од Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, а соопштуваат од Фондот за иновации и технолошки развој.
Натпреварот по хемија IChO е единствениот што влегува во групата на 12-те сеопшто признати меѓународни научни олимпијади, односно натпревари на знаење, а Меѓународната олимпијада по хемија е класифицирана и во 13-те признати олимпијади од страна на Министерството за наука и образование на РСМ.
Поддршката на ФИТР, како што стои во соопштението, е дел од Програмата за поддршка и развој на таленти што Фондот ја развива во соработка со УНИЦЕФ. Тим од професори, претставници на академската фела и ФИТР веќе неколку месеци работат на изготвување концепт што треба да биде претставен наскоро, со кој ќе се предложи системско решение кое ќе вклучува инструменти за поддршка на талентираните деца и координирани активности како и иницијативи на сите релевантни институции.
Оваа иницијатива е произлезена од бројните барања за поддршка на ученици од страна на ФИТР, како и од програмата за поддршка на млади истражувачи што првпат беше објавена во ноември 2017 година.
ФИТР, наведуваат во соопштението, само во изминатата година има инвестирано близу 10 милиони денари во реализација на програми наменети за млади и деца од различни возрасти, со цел поттикнување на нивната критичка мисла и иновативност.
Ново на Сител
-

Метеоролозите предвидуваат „невиден“ Ел Нињо, 2027 ќе биде најтоплата година досега
-

„Секоја капка за Преспа“ со Андреа Соколовски | Неформално | Sitel Podcast 147
-

Иран предупреди дека ќе одговори „силно и разорно“ на новите закани од САД
-

Илјадници неисправни кондоми продадени низ Европа, апел до корисниците да се тестираат за сексуално преносливи болести
-

Нетанјаху го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“
-

Сиљановска-Давкова: Верувајте во себе, докажете ја својата спортска посветеност, искористете ја младешката енергија и натпреварувајте се витешки
-

ЦУК: До 18:00 часот 14 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни
-

Аргентинците добија високи казни за инцидентот по финалето на Мундијалот

