Ракомет
4. December 2015 - 12:47

Дувњак уште пет години во Кил

Хрватскиот репрезентативец Домагој Дувњак го продолжи договорот со Кил до 2020 година.
 
Дувњак во Кил пристигна од Хамбург пред две сезони, а претходно играше во Загреб. Со Хамбург во 2013 година ја освои титулата во Лигата на шампионите, поради што беше прогласен за најдобар играч во Бундеслигата и во светот.
 
„Сакам да ве известам дека го продолжив договорот до 2020 година. Вие навивачите сте една од причините што решив да го продолжам договорот. Се надевам дека заедно ќе освоиме уште многу титули“, вели Дувњак во видео пораката.
 
Кил оваа сезона игра далеку под очекувањата во Лигата на шампионите, каде во девет одиграни натпревари веќе има забележано четири порази и во конкуренција на Веспрем, Фленсбург, ПСЖ, Загреб, Висла, Цеље и Бешикташ се наоѓа на четвртото место на табелета во А групата.
 
Во Бундеслигата 20-кратниот шампион се наоѓа на третото место со 12 победи и три пораза.