Дурекс истражува: Што мислат младите за сексот со заштита?
Дурекс сака да ги урне митовите во врска со тоа како мажите се чувствуваат кога девојката инсистира тие да употребат кондом. Затоа, компанијата спроведе истражување меѓу голем број млади луѓе во Велика Британија, со цел да го дознае процентот на млади кои практикуваат безбеден секс.
Истражувањето открива дека основниот пристап на повеќе од третина од мажите е да се обидат да го избегнат користењето на кондом, повеќето сметаат дека околу користењето на кондом не се преговара. Дури 79 отсто од момчињата велат дека дополнително ги возбудува кога девојката инсистира на кондом.
Подлабокото истражување откри шокантен недостаток на знаење за сексуално преносливите инфекции (СПИ), непланирана бременост и сексуалните ставови на спротивниот пол. Младите луѓе знаат дека треба да користат кондом секогаш, меѓутоа во клучниот момент, нивниот личен правилник често се занемарува. Изгледа дека на повеќето од младите лица им недостасува загриженост за последиците од небезбеден секс, или пак не се доволно самоуверени да инсистираат на употреба на кондом - така што се согласуваат на преземање ризици, иако знаат дека не треба да го сторат тоа.
Голем број на лица откриле дека имале незаштитен секс со повеќе од една особа. Недостаток на знаење и широко раширениот став „тоа нема да ми се случи мене“ се најголема причина поради тоа.
Дурекс се стреми кон подигнување на свеста на младите за ризиците од незаштитен секс.
Освен ова истражување и документарниот филм кој е снимен со истата намена, Дурекс лансира сеопфатна онлајн платформа:http://whenitsonitson.durex.co.uk/when-its-on-its-on/ , која им обезбедува на младите луѓе практични и искрени совети за сексот и врските. Платформата ќе содржи практични совети, прилози и видеа на теми поврзани со довербата, безбедниот секс, СПИ и непланирана бременост.
Причините за секс без заштита се најразлични, истарувањата покажуваат дека главна причина е незнаењето. Младите се консултираат меѓу себе или бараат информации на интернет каде одговорите се најразлични, многу и неточни. Многу ретко се решаваат да се консултираат со стручно лице. Истражувањето кое го направи Дурекс во Македонија покажа алармантни резултати. Младите одбиваат да соработуваат, Дурекс се стреми кон поткренување на нивната свест за заштите при секс. Целта на компанијата е да ја зголеми информираноста во врска со последиците од незаштитениот секс.
Ново на Сител
-
Во Велес утре ден на жалост за тројцата загинати во сообраќајката кај Катланово - другите пет лица се тешко повредени
-
Таравари бара директорите на Детска и Козле да преземат мерки за докторите кои направиле превид
-
ВО ЖИВО: Голема полициска акција
-
Смена во АНБ
-
Четири општини нема да добијат државни пари - Владата го продолжи рокот за да може да аплицираат дополнително
-
Закон наместо балансер
-
Почна дијалогот со Бугарија за изградба на пругата – Македонија не отстапува од заеднички проект со пониска цена
-
ЛДП на Зајкова се доближува до позициите на Мицкоски: Уставни измени со одложено дејство