Дураки поднесе оставка во МЖСПП заради преземање на новата министерска функција
Министерството за животна средина и просторно планирање денеска соопшти дека Садула Дураки поднесе оставка на функцијата министер за животна средина и просторно планирање, од причина што е предложен за министер за новото министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.
-Ви благодарам Вам и на сите членови на Владата, како и на претставниците во Собранието за искажаната доверба и за доделената чест да придонесам во подобрување на состојбата во животната средина во Република Северна Македонија, наведува Дураки во упатената оставка до премиерот Зоран Заев.
Додава дека додека ја извршувал функцијата се соочил со најголемите предизвици за зачувување и унапредување на животната средина. -Според сегашната состојба, некои од тие предизвици успешно ги надминавме. Јас и мојот тим во изминатиот период макотрпно работевме и го вложивме целото наше знаење и способност во решавање на проблемите, но некои проблеми бараат долгорочен и системски пристап, наведува Дураки.
Смета дека некои проекти спроведени за време на неговото раководење ќе остават траен позитивен белег во зачувување и унапредување на животната средина но, за жал, како што вели, „во некои области од животната средина се уште сме немоќни да направиме подобрување или одржување“.
Во оставката истакнува дека МЖСПП располага со стручен кадар кој несебично ќе се вложи и ќе му помогне на новиот тим да креира и да ги спроведува политиките во животната средина и просторното планирање.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација