Дуковски: "Рекет" е брутална политика

Брутално правно насилие без докази е предметот Рекет, смета адвокатот на Бојан Јовановски.
Сашко Дуковски во својот завршен збор на денешното рочиште наведе обвинителството во текот на постапката криело докази па и во самиот завршен збор на обвинителката Русковска се презентирале дополнителни фотографии и снимки.
-Во оваа постапка нема ниту П од правда, немаше еднаквост на оружјата туку чиста и брутална политика, рече во судницата адвокатот Дуковски.
Според него е спорно и менувањето на обвинението кое го нарече срамно проширување кон построго.
Објасни дека во измената, Обвинителството навело дека парите од кривичното дело обвинетиот ги пуштил во оптек во периодот од ноември 2017 а според првичното обвинение тоа Боки 13 го сторил од ноември 2018 до април 2019 година.
За Дуковски ова е недозволиво бидејќи предметот "Империја", за кој наводно влијаел Јовановски, СЈО го отворило дури во 2018 година.
По адвокатот, завршен збор ќе има и обвинетиот Бојан Јовановски.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-

Македонија под снег, надлежните уверуваат дека сите патишта се проодни
-

Мицкоски во Давос ги презентира можностите за инвестирање во Македонија
-

Продолжува трендот на одлевање на учениците од штипските училишта
-

Штетата од шумските пожари во 2025-та проценета на околу 50 милиони евра
-

Николоски: Автопатот ќе го завршиме без разлика на сè
-

Преглед на вестите од светот
-

Давидовиќ за Сител: Пронајдените пари се на родителите, а не на Ристов, ќе се жалиме
-

Судскиот совет му го одзема имунитетот на судијата Ристов, Обинителството бара куќен притвор
