Дукати и златен накит вреден 12.780 евра запленети на Прешево-Табановце
Српските цариници и полицијата на 14 јули на граничниот премин Прешево-Табановце со Северна Македонија и на Аеродромот „Констатин Велики“ во Ниш спречија два обида на патници преку границата без пријавување да пренесат дукати-турски златници и златен накит, со вкупна вредност од еден и пол милион динари (12.780 евра), јави дописникот на МИА од Белград.
Првиот прекршок е откриен на излезната страна на преминот Прешево, каде во автомобил „Фолксваген артеон“ со германски регистарски таблички, во кој од правец на Македонија кон Германија патувале двајца мажи, под седиштето на сопатникот е пронајдена кутија со 22 златници-турски лири (дукати), чија вредност е проценета на нешто повеќе од милион динари (8.520 евра).
– Иако изјавиле дека немаат ништо да пријават, цариникот во преградата за документи под совозачкото седиште пронашол кутија со вкупно 22 златници -турски лири, чија вредност се проценува на нешто повеќе од еден милион динари, соопшти српската Царина.
Сличен случај е евидентиран истиот ден на преминот Аеродром „Константин Велики“, каде во рачниот багаж на патничка која пристигнала со лет од Базел е откриен непријавен златен накит.
– Иако во разговорот со цариникот дополнително потврдила дека нема што да пријави, во нејзината чанта биле пронајдени масивно златно ланче, нараквици, прстени и обетки чија вредност се проценува на околу 400.000 динари
Ново на Сител
-
РФМ ќе одржи редовно Изборно собрание на кое ќе се бира нов претседател
-
Палевски сакал да замине во Москва, барал помош да го земат од аеродром
-
Фон дер Лајен: ЕУ ќе преземе соодветни и решителни контрамерки на американските царини
-
Министерството за правда достави до Влада допис за предлог за разрешување на Коцевски
-
Орбан: Русија ќе биде „реинтегрирана“ во глобалната економија по завршувањето на војната во Украина
-
Авганистанецот призна дека намерно удрил во толпата во Минхен, соопшти германското Обвинителство
-
АНБ: Почнува примената на полиграфско тестирање, полиграфот и полиграфското тестирање во служба на интегритетот
-
Пандов: Има дел затворски полицајци во Шутка кои не треба да носат полициска униформа и го срамат цел затворски систем