ДУИ: ВМРО и Мицкоски поттикнуваат објава на војна против Албанците
И втор ден по скандалозните изјави на Александар Николовски во кои тој повикува на војна среде Собрание, слично на наративот од 27 април, ниту Мицкоски, ниту ВМРО ДПМНЕ не се оградија од тие закани.
Николовски е охрабрен од неговиот лидер Мицкоски, кој објавува фотографии на заколнати во маскирна униформа, празен калашников во рака и опкружен со деца и жени, на кои демонстрира закани кон Албанците.
Мицкоски се уште не одговори дали има вистина во тврдењата на неговите градоначалници на општините дека строго им забранил да ги легализираат куќите на Албанците во тие општини иако ги исполнуваат законските услови, дека им забранил да соработуваат со бизнисмени Албанци, а не да издава градежни дозволи, поттикнати од расистичка демографска политика.
Нивната мртва трка со левицата на Апасиев ја разгорува етничката нетрпеливост, која секојдневно ја гледаме и слушаме на контактните емисии на македонските телевизии и е директна последица на наративот и сликите на Мицкоски, Николски и Апасиев.
Ново на Сител
-
Mицкоски: Протестите во Кочани преминаа во политичко движење
-
Мицкоски: Извештајот ќе биде усвоен
-
Тема на денот со Ана Марјановиќ, онколошки пациент, дел од Хема-Онко
-
Утре е изборот на Алиу за министер за здравство
-
Бугарија бара смена на известувачот за Македонија Томас Вајц
-
СДСМ: Набавен сомнителен софтвер за прислушување
-
Владата го демантира СДСМ: Нема набавка на нов софтвер
-
Одморалиштето „Пониква” станува центар за рехабилитација на повредените од пожарот во Кочани