ДУИ утре ќе одржи избори во 10 партиски ограноци
Демократската унија за интеграција информира дека утре (Недела, 19.06.2022) ќе организира директни партиски избори во 10 ограноци за претседатели на ограноци, членови на претседателство на ограноци, претседатели на локалните совети и членови на локалните совети.
Ограноците на Брвеница, Боговиње, Чашка, Долнени, Гостивар, Студеничани, Теарце, Тетово, Врапчиште и Желино, утре на демократски и рамноправен начин, почитувајќи го принципот еден член еден глас, ќе избираат свое раководство за нов мандат.
Демократската унија за интеграција на овие непосредни партиски избори применува директна партиципативна демократија со вклучување на приближно 11.000 членови во 10 ограноци.
Овој целосно демократски процес се одвива во сите организациски структури, со најмалку двајца кандидати за секој локален совет или огранок.
Демократската унија за интеграција ги повикува сите да станат дел од модерната градба на нашата заедничка иднина на наредните 20 години.
По завршувањето на изборниот процес, утре, Недела, 19 јуни, претседателот Ахмети во 18:30 часот во седиштето на ДУИ во Тетово ќе одржи прес-конференција на која ќе ги соопшти изборните резултати.
Демократска унија за интеграција
Ново на Сител
-

Путин побара дополнителни мерки за справување со последиците од украинските напади врз цивилната инфраструктура
-

Чавушоглу: Од Македонија се бараше да го смени името, знамето и сега се бара да прифатат дека не се Македонци
-

На граничните премини нема долги задржувања
-

Денеска е најтоплиот ден во историјата на мерењата во Франција
-

Силно невреме со пороен дожд, град и грмежи помеѓу Неготино и Демир Капија
-

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски се прости од Јовица Илиевски
-

Невреме со пороен дожд во Штип и Гевгелија
-

Опожарени околу 30 хектари житни култури во две светиниколски села
