ДУИ: Рeвизија на приватизацијата

Сè појасни се сигналите од Европската унија дека деолигархизацијата е неопходен чекор за демократизација и напредок на нашата држава.
Затоа, повторно прашуваме: кои олигарси ги штити оваа влада?
Чии интереси стојат зад нејзиниот упорен молк ?
Јасно е дека олигарсите кои ја заробија државата објавија војна на еднаквоста и на принципите на еднакви можности за сите граѓани.
Токму тие се виновни за продлабочувањето на економската и социјалната неправда, како и за создавањето на систем кој им служи само ним, на сметка на иднината на сите останати.
Како што постојано истакнуваме, ревизијата на процесот на приватизација е неопходна.
Тоа не е само барање, туку обврска кон граѓаните кои со години се жртви на неправедните и корумпирани практики што ја доведоа нашата економија во оваа состојба.
Ги повикуваме институциите веднаш да преземат чекори за деолигархизација, а Владата да престане да биде заробена од спонзорствата на овие олигарси.
Наместо да ги штити нивните привилегии, Владата мора да покаже одговорност и да го усвои Законот за рестриктивни мерки како прв чекор кон враќање на владеењето на правото и економската праведност.
Деолигархизацијата не е избор, туку услов за напредок на нашата земја кон вистинска демократија и интеграција во Европската унија.
Време е Владата да ги стави интересите на граѓаните пред личните и интересите на олигарсите.
ДУИ
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
