Македонија
18. February 2025 - 9:01

ДУИ: Преседан - државниот врв не ја честиташе независноста на Косово

Со жалење и сериозна загриженост го констатираме преседанот што се случи оваа година — по првпат, институциите на државата, вклучително Претседателот, Премиерот и Министерот за надворешни работи, не упатија официјална јавна честитка по повод Денот на независноста на Република Косово. 

Овој чин не само што е дипломатски превид, туку и директен сигнал кој го поткопува духот на добрососедство и регионална соработка. 

 Истовремено, со сите државни почести, беше пречекан Милорад Додик — политичка фигура позната по своите деструктивни ставови кон евроатлантските процеси и принципите на регионалната стабилност. 

Оваа очигледна диспропорција во односот кон соседите испраќа загрижувачка порака за  насоката на нашата држава. 

 Таквото однесување е резултат на растечкото влијание на концептот на „Српскиот свет“ во Северна Македонија — проект кој претставува закана за суверенитетот, европската перспектива и стратешките интереси на државата. 

Промовирањето на оваа идеологија на сметка на пријателските односи со Косово е недозволиво и штетно.  

ДУИ