Македонија
1. April 2016 - 8:31

ДУИ одлучи да ги повлече претставниците во извршната власт

Централното раководство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) одлучи да ги повлече своите актуелни претставници од извршната власт на Република Македонија, соопшти синоќа ДУИ.
 
- Претседателството, исто така, ги потврди статутарните права и ги делегира сите извршни права и овластувања за донесување одлуки на претседателот на партијата Али Ахмети за да одлучи за следните чекори на Демократската унија за интеграција. ДУИ, исто така, ја информира локалната и меѓународната јавност дека ќе ги преиспита своите политики во наредните денови, се вели во соопштението.