Македонија
1. April 2016 - 15:22

ДУИ конечно со официјално соопштение: Снимките причина за оставките

„Од почетокот на политичката криза во земјата, ДУИ одигра конструктивна улога со цел да се врати стабилноста и безбедноста во земјата. ДУИ, исто така работеше со голема посветеност во спроведувањето на структурни реформи што произлегоа од Договорот од Пржино и основањето на Специјалното обвинителство со јасно дефиниран мандат за гонење на делата кои произлегуваат од прислушуваните материјали“, се вели во соопштението.

Од партијата со жалење констатираат дека овој процес веќе е компромитиран, како резултат на производство на илјадници нелегално набавени прислушувани материјали, а потоа и нивна дистрибуција во рацете на криминалци со цел да се злоупотребат во нивните фабрики.

„Нашиот чекор е резултат на институционална парализа и пасивноста на надлежните служби со што се попречуваат нашите напори за заеднички систем на контрола на ваквите дејствија. Затоа овој чекор е продолжување на нашите напори за демократија и систем на социјални и политички реформи. ДУИ ги осудува овие снимки и тврди дека се целосно невистинити, монтирани. Со тоа ги покануваме граѓаните да не станат жртва на криминалци“, стои во соопштението.

ДУИ бара институциите, особено Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство да преземат итни мерки за да ги уапси како што се вели во соопштението фалсификаторите, дистрибутерите и издавачите на монтираните разговори.

Преку соопштението ДУИ ги повика и специјалниот обвинител веднаш да се вклучат во истрагата на овој сериозен криминал, кој како што велат има за цел да се загрозат јавни личности и да влијае на работата на оваа институција, која има правна одговорност кон прислушуваните разговори, кои се веќе на пазарот и тие се обработуваат на црниот пазар насекаде во регионот.

„ДУИ не е причината за кризата, но е гласот на разумот и промотор на државата и сега е жртва на девалвација и процесот на компромис. И затоа одлучи да ги повлече своите актуелни членови на извршната власт и нема да толерира процесот на дегенерација, повреда на суверена пресуда, инсталација во андерграунд сцена, а исто така ги повикува граѓаните да не им веруваат на монтираните снимки чија цел е да му се наштети на процесот на реформи“, пишува во соопштението на ДУИ.