Македонија
22. January 2025 - 12:23

ДУИ: Граѓаните плаќаат за министрите на Вреди да се шетаат

ДУИ утрово го критикуваше присуството на претставниците од коалицијата Вреди во Вашингтон.

Нивните јавни изјави за некакви официјални покани за учество на инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп претставуваат срамна измама и грд обид да се создаде илузија за меѓународна поддршка – велат од Мала Речица.

„Наместо да ги претставуваат достоинствено интересите на граѓаните, тие се појавија шетајќи по улиците на Вашингтон, објавувајќи гротескни фотографии на социјалните мрежи пред плакатите на церемонијата и владините објекти.

Оваа јавна фарса, платена со пари од даночните обврзници, е врв на манипулациите кои го карактеризираат овој политички субјект без визија, морал или одговорност кон граѓаните. “ – се вели во соопштението на ДУИ.