ДУИ: Го поздравуваме усвојувањето на законите за коридорите и тие ќе се градат
Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска ја поздрави одлука на Собранието да ги усвои законите кои го отвораат патот за поевтина и побрза изградба на Коридорот 8 и 10Д.
-Мнозинството пратеници со својот глас ставија крај на тенденциозната блокада на опозицијата, која за жал реши да се построи против овој капитален проект, обидувајќи се по секоја цена да го оцрни и покрај тоа што тој ја има големата поддршка од САД. Опозицијата на чело со Мицкоски реши да гласа против проектот што значи нова димензија на развој и ефикасно движење, но сепак нема да успее да го држи во заложништво економскиот развој на државата.Коридорите ќе се градат!, наведуваат од ДУИ.
Според партијата, историјата денеска ќе ги запамети оние кои гласаа „за“ правилната кауза на развојот, како што ќе ги запамети и оние „кои се построија против оваа кауза и на штета на граѓаните“.
Владата, чиј дел е ДУИ, како главен приоритет ја има реализацијата на коридорите и сите нејзини членови остануваат транспарентно отворени за јавноста во секој чекор од постапките за реализација на најголемата инфраструктурна инвестиција во историјата на земјата, потенцираат од ДУИ.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло