-->
-->
Дуели од 3-то коло во ракометрниот плејоф
-->

Во ракометниот шампионат на Македонија денеска ќе се играат два натпреварите од 3.коло на плејофот, односно, разигрувањето за шампионската титула.
Трето рангираниот тим на табелата Макс Струмица гостува кај Охрид, а во Прилеп кај истоимената домашна екипа на мегдан оди составот на Работнички. Двата натпревари ќе започнат од 19 часот.
Дербито на ова коло меѓу Вардар и Металург ќе се игра во среда (4 мај), поради настапот на македонскиот првак Вардар во Лигата на шампионите, каде црвено-црните во сабота ги очекува реванш натпреварот од четвртфиналето против унгарски Веспрем.
Во плејаут конкуренцијата, двојките за денеска се: Металург 2 – Пелистер, Вардар Јуниор – Радовиш и Борец – Пролет.
Табела – плејоф: Вардар 6 бодови, Металург 6, Макс Струмица 6, Прилеп 0, Работнички 0 и Охрид 0.
Табела – плеј аут: Пелистер 27 бодови, Вардар Јуниор 24, Радовиш 24, Пролет 18, Борец 13, Металург 2 1.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонските млади фудбалери У17 и покрај поразот продолжуваат во елитните квалификации
-

Андоновски одржа мастерклас во Париз: Во фокусот дигиталната трансформација на јавната администрација
-

Реновираниот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ ќе биде отворен во февруари, деновиве ќе се објави конкурс за сместување
-

Србија доби нов парламентарен состав, пратениците положија заклетва
-

50-годишен маж со огнено оружје се заканувал на сопругата со која е во бракоразводна постапка
-

Татко ја нападнал својата 20-годишна ќерка
-

Хашим Тачи осуден за попречување на правдата на 17 месеци затвор
-

Ќерката на Јованов за „Пулс“: Имаше панични светла и противпожарни апарати, сите ја користеа задната врата
