ДУЦ за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“ Скопје добитник на RYCO проект „Повеќе од зборови“
Сознанијата за постоење на недоволна здравствена култура, вклучително и кај младата популација во Македонија беше поттик Државниот училишен центар (ДУЦ) за образование и рехабилитација “Партенија Зографски”, средно стручно училиште за ученици со оштетен слух од Скопје, заедно со Медицинското училиште „Чачак“ од Чачак, Р.Србија да креираат заеднички проект со име „Повеќе од зборови“ („More than words“) поддржан од Регионалната канцеларија за младинска соработка (Regional Youth Cooperation Office – RYCO) во програмата Superschools.

Во рамките на проектот се планирани две младински размени, при што првата се одржа во ДУЦОР „Партенија Зографски“ Скопје во период од 18.06 – 24.05.2023 година. Во размената учествуваа вкупно 19 (деветнаесет) ученици и 4 (четири) наставници – координатори на проектот.
За време на првата младинска размена се одржаа RYCO работилници на тема: градење мир, решавање конфликти, мултикултурализам преку кои учениците ги продлабочуваа и негуваа демократските вредности: емпатија, соработка, компромис, почитување на другиот, како и работилници за изучување на знаковен јазик на кои глувите, како врснички едукатори, ги учаеа своите другари од Медицинското училиште „Чачак“ основите на знаковниот јазик и комуникацијата со глувите
Преку серија работилници за изучување на знаковен јазик, глувите и наглуви ученици, како едукатори за врсници, ги учаеа своите другари од Медицинското училиште „Чачак“ основите на знаковниот јазик и комуникацијата со глувите.
Серијата работилници претставуваа можност сите учесници да се запознаат подобро, да се дружат и на тој начин да работат на надминување на комуникацијата и другите бариери и предрасуди и да сфатат дека иако тие користат различни начини на комуникација (говорен и знаковен јазик) сепак имаат многу повеќе сличности отколку разлики.
Втората младинска размена е планирана за почетокот на месец октомври. При оваа рзамена која ќе се одвива во Медицинското училиште во Чачак, учениците со оштетен слух ќе се стекнат со нови знаења психосоцијални вештини за здравјето и здравите животни навики.
Ново на Сител
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
