Дубаи воведе месечни дозволи за алкохол

Дубаи воведе туристички дозволи за консумирање алкохол што важат само за туристите кои не се муслимани и се постари од 21 година.
Ова е потег кој гарантира дека туристите нема да бидат казнети поради кршење на законот.
Малопродажниот синџир за алкохолни пијалоци Maritime i Mercantile International (ММИ), филијала на Емиратс Груп, на својот сајт има објавено упатство за туристите околу процесот за поднесување барање за лиценца. Туристите ќе мораат да посетат која било продавница на ММИ со оригинален пасош и да пополнат и потпишат образец со кој се потврдува дека купувачот е турист. Продавницата ќе земе и копија од пасошот и од печатот за влез во земјата.
Интернет страницата на синџирот за продажба на алкохол објавува и инструкции: „Ве молам прочитајте го ова за да бидете сигурни дека ја почитувате земјата, нејзините права и луѓето кои ги посетувате“. Туристичкиот кодекс на однесување содржи листа од пет инструкции, вклучувајќи и неконсумирање алкохол на јавни места, возење без алкохол и да не сте пијани во јавност.
Моментно, жителите во Дубаи имаат право на двогодишна дозвола која им овозможува да купуваат алкохол од продавниците и да го чуваат дома. Исто така, секој што пие во градските барови и ресторани би требало технички да има дозвола, иако никој не ја бара на увид.
Ново на Сител
-

До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија, вкупно 3000 можни стипендии
-

Скопје денеска имаше најстудено утро, локален дожд попладне и во текот на ноќта
-

Денеска е Митровден - празник посветен на Светиот великомаченик Димитриј
-

САД нудат награда до 20 милиони долари за информации за иранската нуклеарна програма
-

Одбележани 130 години од изградбата на храмот „Свети великомаченик Димитриј“ во Скопје
-

Трамп бара истрага против демократите, ги обвини за „кривично дело“
-

Крвав напад во Краков: Најмалку шест загинати, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот
-

Осум српски полицајци уапсени за смртно претепување на братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ
