ДСЗИ: Уште 11 лица под здравствен надзор поради новиот случај на треска

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДЗСИ) стави под надзор уште 11 луѓе од здравствен ризик за да се спречи ширење на конго-кримска хеморагична треска, откако Министерството за здравство соопшти дека оваа заразна болест е утврдена кај вработена на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Скопје.
„Издадени се решенија за надзор за 10 члена на семејството на вработената на Клиниката за инфективни болести, како и за една нејзина колешка. Тие ќе бидат под здравсствен надзор во следните 14 дена. За првиот случај на заболен беа издадени 29 решенија за надзор, меѓу кои беше и вработената на Клиниката за инфективни болести. Сега со новите решенија, вкупно 40 луѓе се под здравствен надзор“, вели Рената Младеновска директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Ново на Сител
-

Лишен од слобода гостиварец баран со потерница за казна затвор во траење од осум години
-

Просечната нето-плата во февруари 46.159 денари
-

Најдолгото гостување во Македонија: Кратери осум часа патуваа за Силекс
-

Охрид и Силекс ремизираа во првото полуфинале од Купот
-

Без вода утре делови од Центар и Чаир
-

Уапсен скопјанец, во возилото му се пронајдени скоро 30 грама кокаин
-

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши
-

Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица
